Македонија

АНБ: Македонски државјанин ширел странска пропаганда

01.10.2026 11:01

Од АНБ, МВР и Јавното обвинителство, на 18-ти септември годинава преземени се истражни дејствија против македонски државјанин, надоврзан на странски фактори кои се креатори на пропаганден апарат со мрежа на портали интегрирани и во македонскиот медиумски простор. Се сомничи за предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост...

Агенцијата за национална безбедност во координација со други надлежни институции континуирано презема активности за откривање и попречување на пропагандна мрежа во земјава, во корист на странски интереси.

Од АНБ, МВР и Јавното обвинителство, на 18-ти септември годинава преземени се истражни дејствија против македонски државјанин, надоврзан на странски фактори кои се креатори на пропаганден апарат со мрежа на портали интегрирани и во македонскиот медиумски простор.

Се сомничи за предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост, оддавање службена тајна и за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем. При претрес во неговиот дом пронајдени се и одземени предмети, кои дополнително се вештачат, информираат од АНБ.

Вистинските актери на оваа пропагандна мрежа, која е во функција на руските интереси, се кријат преку клонирани псевдо-портали регистрирани со македонски интернет домен, преку кои се шират лажни вести, дезинформации и се врши преобликување на наративи за актуелни настани, со што се поткопува довербата во институциите и се поттикнува етничка и национална омраза и нетрпеливост, стои во известувањето.

Од Агенцијата потенцираат дека ќе продолжат со детектирање и спречување на субверзивно-пропагандни активности преку мрежа на портали, надоврзани на регионални проруски политички структури, со кои директно се поткопуваат стратешките евро-интегративни процеси на земјава.