Евроинтеграција

Кос: Наскоро ќе претставиме дополнителни идеи за постепена интеграција на Западниот Балкан

01.10.2026 13:04

Кос порача дека постепената интеграција треба да донесе конкретни придобивки за земјите од регионот уште пред полноправното членство, но нагласи дека крајната цел останува членството во ЕУ.

Комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, најави дека Европската комисија на 6 октомври ќе претстави дополнителни идеи за постепена интеграција на земјите од Западниот Балкан во Унијата. Таа нагласи дека пристапот „повеќе Европа пред членство“ не е замена за полноправното членство во ЕУ.

На состанокот на министрите за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес во Пржно, Кос оцени дека проширувањето на ЕУ е стратешки потфат и дека 2026 година е рекордна во однос на напредокот во проширувањето.

Според Кос, геополитичката важност на проширувањето и пристапот заснован на заслуги не се спротивставени принципи. Таа нагласи дека заслугите ги одредуваат условите и подготвеноста на земјите за пристапување, додека проширувањето е важно и од безбедносен аспект.

Кос порача дека постепената интеграција треба да донесе конкретни придобивки за земјите од регионот уште пред полноправното членство, но нагласи дека крајната цел останува членството во ЕУ.

Таа ги повика земјите од Западниот Балкан отворените билатерални прашања да ги решаваат преку добрососедски односи, регионална соработка и меѓусебна доверба.