Македонија
УХМР: Стабилно време со студени утра и сончеви денови
01.10.2026 15:13
Стабилен временски период со ведри и студени утра, а преку ден сончево и релативно топло време, најавува УХМР. На места утринските температури ќе се спуштат и под нулата, додека дневните ќе достигнат од 26 до 28 степени.

Во следните денови времето ќе биде стабилно, со ведри и студени утра и ниски температури, кои наместа ќе се спуштат под нулата, информираат од УХМР. Во текот на денот ќе преовладува сончево и релативно топло време, а ноќите ќе бидат ведри и тивки.
Според најавата на УХМР, дневните температури во следниот период ќе се движат од 26 до 28 степени Целзиусови.
