Евроинтеграции

Трајков: Италија е значаен партнер во европскиот реформски процес

01.10.2026 12:46

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со амбасадорот на Република Италија, Паоло Палминтери и заменикот амбасадор Морено Зела, заменик-шеф на мисијата во Италијанската амбасада во Скопје. Во фокусот, реформите што Македонија ги реализира во рамки на Реформската агенда 2024 – 2027 и тековните активности на институциите насочени кон исполнување на европските стандарди.

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со амбасадорот на Република Италија, Паоло Палминтери и заменикот амбасадор Морено Зела, заменик-шеф на мисијата во Италијанската амбасада во Скопје.

Во фокусот на средбата беа реформите што Македонија ги реализира во рамки на Реформската агенда 2024 – 2027, како и тековните активности на институциите насочени кон исполнување на европските стандарди.

Заменик-министерката ги презентираше реализираните реформи и приоритетите за следниот период, истакнувајќи дека институционалната посветеност и конкретните резултати се од особено значење за напредокот во процесот на европска интеграција.

Соговорниците разговараа и за можностите за продлабочување на соработката и за искористување на искуствата и експертизата на Италија во областите релевантни за реформската агенда.

Беше потврдена заедничката определба за продолжување на отворениот дијалог и институционалната соработка во интерес на европската перспектива на Македонија.