Македонија

Николоски: Инфраструктурните проекти се од стратешко значење

01.10.2026 17:10

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски се обрати на глобалниот настан „Денови на поврзување на Европа“ што се оддржува во Брисел. На панелот посватен на Западен Балкан – Источен Медитеран, Николоски го потенцира политичкото и економско значење на коридорите и инвестициите што се реализираат во Македонија.

За пет години отсега треба да имаме целосна врска меѓу Скопје, Софија, Бургас, Варна и Одеса, вети министерот за транспорт, Николоски во Брисел. Како земја која нема излез на море, реализираме огромни инвестиции во развој и модернизација на двата европски коридори 8 и 10 што минуваат низ Македонија.

„Минатата недела со ЕИБ ја почнавме постапката за набавка за избор на изведувач за изградба на третата делница – најтешката фаза од железничкиот коридор. Доколку се оди по планот, за пет години од изборот на изведувач до 2032 година треба да имаме целосна меѓусебна врска“, изјави Николоски.

На западната страна, пак се работи на реконструкција на постојната железница и изградба на делот што не поврзува со Албанија. Според министерот Николоски, наскоро би можеле да патуваме со автомобил или воз од пристаништето Драч до Бургас и Варна преку Скопје.

„Целосно ја менуваме сликата и на граничните премини со воведување зелени ленти и проширување на прекуграничните врски и со Албанија и со Бугарија. На Коридорот 10 работиме на првиот целосно дигитален автопат со воведување Интелигентен транспортен систем“, истакна Николоски.

На панелот посветен на Западен Балкан, Николоски го потенцираше значењето на коридорите и инвестициите што се реализираат со средства од Европската инвестициска банка и други фондови.

 

Александар Велинова