Концерт на Симон Трпчески во Скопје: „Камерен музички десерт“ во Македонската филхармонија
На 2 ноември 2026 година, со почеток од 20 часот, Симон Трпчески ќе настапи пред македонската публика, овојпат во Македонската филхармонија со концертната програма „Камерен музички десерт“. Тоа ќе биде вечер во која во преден план нема да бидат ефектите, големите сценски конструкции или спектаклот во неговата вообичаена смисла.

На 2 ноември 2026 година, со почеток од 20 часот, Симон Трпчески ќе настапи пред македонската публика, овојпат во Македонската филхармонија со концертната програма „Камерен музички десерт“.
Тоа ќе биде вечер во која во преден план нема да бидат ефектите, големите сценски конструкции или спектаклот во неговата вообичаена смисла. Во центарот ќе биде она што кај Симон Трпчески отсекогаш било доволно, а тоа се музиката, интерпретацијата и онаа ретка способност една концертна сала да ја претвори во простор во кој секоја нота се слуша поинаку.
Трпчески со години е име кое Македонија го изговара со посебна гордост. Неговата уметност стигна до најзначајните светски концертни сцени, до публика од различни култури и генерации, а неговиот музички потпис одамна е препознатлив далеку над границите на земјата од која потекнува.
Но токму затоа, секое негово враќање пред домашната публика носи поинаква емоција. Затоа што има нешто посебно кога уметник со светска кариера свири дома.
Тогаш концертот престанува да биде само уште една точка во календарот. Станува средба. Меѓу уметникот и публиката што го следи со години. Меѓу светските сцени и местото од каде што започнала приказната. Меѓу музиката што патувала низ светот и тишината на една сала во Скопје, непосредно пред да прозвучи првиот тон.
Токму таква вечер најавува „Камерен музички десерт“.
На програмата се дела од Шопен, Григ, Конесон, Шахов и Шостакович – автори со различни музички јазици, епохи и темпераменти, споени во внимателно избрана концертна целина која ќе ја покаже сета широчина, динамика и емоционална моќ на камерната музика.
Билетите се веќе пуштени во продажба и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2, Јк травел Бисер и Јк травел Дајмонд.
