Загадувањето и мерките

24.12.2013 22:15

Нема промена во квалитетот на воздухот

Во главниот град продолжува  неколкукратното зголемување на опасните честички прав. Ја поминаа границата од 500 микрограми на кубен метар . Тешко се дише, како се справуваат граѓаните.

Освен обврските на институциите да ги спроведуваат мерките, прорабоите и свеста кај граѓаните.

Во аптеките можеше да се забележи поголема раздвиженост од вообичаената. Но, аптекарите не уверуваа дека тоа е поради зимата и вирусите.

Владата донесе низа мерки , меѓу кои  ослободување од работните обврски на трудниците и лицата повозрасни од 60 години, забрана за работење на отворено од 11- 17 часот , забрана на движење на камионите од 11 -19 часот и други мерки.

„Десетина дена четири најголеми градови во Македонија тонат во смог, сепак најголемо е загадувањето во главниот град.  Властите презедоа мерки , меѓутоа најавија доколку се влошат состојбите дека ќе донесат и порадикални мерки“

 Фиљана Кока