Потпишан Меморандум за соработка за поголемо учество на младите во локалната заедница
Потпишан Меморандум за соработка меѓу ЗЕЛС, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Националниот младински совет на Македонија, со цел создавање повеќе можности и посилна поддршка за младите во општините.

Во Скопје денес беше потпишан Меморандум за соработка меѓу ЗЕЛС, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Националниот младински совет на Македонија, со цел создавање повеќе можности и посилна поддршка за младите во општините.
Меморандумот предвидува зајакнување на соработката меѓу локалните самоуправи и младите, меѓу другото и преку Мрежата на општински службеници за млади, која ќе придонесе за подобро препознавање и реализација на младинските иницијативи и предлози.
„Младите треба да бидат активни партнери во креирањето на локалните политики. Наша обврска е да создадеме услови нивните идеи да бидат слушнати, поддржани и преточени во конкретни резултати“, беше истакнато на потпишувањето.
Како позитивен пример беа посочени активностите во Скопје, каде се преземаат чекори за формирање младински хаб и Локален младински совет, како и создавање дополнителни простори за младински активности и иницијативи.
Со оваа соработка се очекува дополнително зајакнување на улогата на младите во локалните заедници и создавање услови за нивно активно учество, развој и реализација на потенцијалот во Македонија.
