Речиси 9.000 бруцоши го започнаа академскиот пат на УКИМ
Со свечен академски час, УКИМ им посака добредојде на близу 9.000 нови студенти. Од универзитетот и институциите најавија поддршка за студентите, меѓу другото и преку подобрување на студентскиот стандард.

УКИМ ја отвори вратата за близу 9.000 бруцоши. Ова е нивниот прв академски час заедно со уште близу 5.000 од другите универзитети во земјава. Оние кои веќе привршуваат со студиите им порачаа на своите колеги дека треба да се борат уште од сега да ја креираат иднината, наместо да ја чекаат.
Ректорката Ангелова ги увери дека универзитетот ќе им ги стави на располагање сите капацитети.
Македонија може да се пофали со големи умови, им порача претседателката Сиљановска-Давкова. Тоа треба да им биде предизвикот.
Министерката Јаневска им посочи дека треба да бидат љубопитни и храбри во потрага по нови знаења. Најави дека наскоро ќе биде готов Студентскиот дом „Кузман“, дека ќе се стипендираат студентите со ретки болести и со попреченост и дека се анализираат можностите за зголемување на цената на студентскиот оброк.
На свеченоста на студентите им беа доделени нивните индекси.
Фиљана Кока
