Македонија

Кандидатите за градоначалник на Брвеница со различни програми и приоритети

01.10.2026 17:00

Кандидатите за градоначалник на Брвеница ги претставуваат своите приоритети и визии за развој на општината. Во трката учествуваат шест кандидати, од кои двајца се независни.

Економски развој, нови инвестиции, подобрување на бизнис-климата и на инфраструктурата во Брвеница – ветува кандидатот за градоначалник на Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски.

Чиста и уредна Брвеница, подобра инфраструктура, поддршка за младите и еднакви можности за сите, најави кандидатот на СДСМ, Јовица Радески.

Програмата на „Вреди“ се базира на четири столбови, со цел задоволување на секојдневните потреби на граѓаните, вели кандидатот Јакуп Усеини.

Кандидатот на ДУИ Аркин Ахији повикува на соживот и заедничка заложба за иднината на Брвеница.

Брвеница е мултиетничко општество, а за просперитет, мора да живееме едни со други, наместо едни покрај други, смета независниот кандидат Душан Богдановски.

Во трката за градоначалник учествува и независната кандидатка Арифе Идризи, од којашто не добивме повратен одговор на барањето за изјава.

 

Марија Котовска