Намален бројот на работници во индустријата
Во секторот преработувачка индустрија бројот на работниците е намален за 2,8 проценти, додека во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е забележан раст од 0,7 проценти.

Бројот на работниците во индустријата во август 2026 година е намален за 3 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најголем пад од 8 проценти има во рударството и вадењето камен.
Во секторот преработувачка индустрија бројот на работниците е намален за 2,8 проценти, додека во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е забележан раст од 0,7 проценти.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците е намален кај сите групи. Најголем пад од 4,4 проценти има кај нетрајните производи за широка потрошувачка.
Кај интермедијарните производи, освен енергија, намалувањето е 3 проценти, кај енергијата и капиталните производи по 2,3 проценти, а кај трајните производи за широка потрошувачка 2,1 процент.
Во периодот јануари–август 2026 година, во споредба со истиот период минатата година, бројот на работниците во индустријата е намален за 2,8 проценти.
