МВР

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Фон дер Лајен

01.10.2026 19:46

Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје.

Утре во официјална посета на земјава ќе присуствува претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.