Партии

„Идиот кој зборува будалаштини“ – Филипче со жестока навреда кон Мицкоски

01.10.2026 17:52

„Идиот кој зборува будалаштини“ – лидерот на СДСМ, Венко Филипче со жестока навреда кон премиерот Мицкоски. Пред посетата на Фон дер Лајен, му порача да не си игра со иднината на земјата и да не ја држи во изолација. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го осуди говорот на омраза. Според власта, ова е доказ дека Филипче ја губи контролата.

„Комплетен идиот“ – квалификација од лидерот на СДСМ за премиерот Мицкоски. Говорејќи за евроинтеграциите и што шефот на Владата ќе и каже на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на средбата во Скопје, Филипче го обвини Мицкоски дека земјата ја донел во ќорсокак.

„Филипче е дезориентиран и уценет, се служи со говор на омраза зашто ја губи контролата на ситуацијата“, реагираше пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче со критики и кон членовите на Платформата 12.05. „Нека се тргнат и нека не ми носат никаков план“, им порача првиот социјалдемократ.

Уште еден пример за неговиот авторитарен карактер. Филипче користи крајно примитивен речник, се служи со подмолни конструкции – одговори Платформата12.05.

 

Миле А. Ристески