Идризово

Прекинато судењето за „Пулс“, Јованов со брза помош пренесен во болница

01.10.2026 18:31

Тензии во судницата во Идризово. Дел од родителите излегоа, на газдата на кочанското кабаре „Пулс“, Дејан Јованов му се слоши. Претходно на рочиштето, почнаа сведоштвата на предлог на одбраната. На списокот се 24 сведоци. Родителите порачуваат – правдата може да се одложува, но вистината не.

Испровоцирани од сведочењето на вештакот, предложен од одбраната на Дејан Јованов, родители и дофрлаа од адвокатката – „тој до тебе ги уби нашите деца“. Судијката ги отстрани од судницата, на Јованов му се слоши, по што првообвинетиот со брза помош беше пренесен во болница.

Прекинатото рочиште почна со сведоштво на градежниот вештак, кој тврдеше дека немало реконструкција на „Пулс“, туку само преуредување на просторот.

„Закупецот не преземал градежни активности за уредување на просторот кој го имал под закуп, туку презел градежно-занаетчиски работи кои може да се дефинираат како ентериерно уредување на закрпениот простор, за потребите на стопанската дејност“, изјави Петре Русевски градежен вештак.

„Никој не може да докаже како лиценца за салон за теписи важела за дискотека, правдата може да се одложува, но не и вистината“, рекоа родителите на жртвите.

На списокот со сведоци на одбраната има 244 лица. Притворот на првообвинетиот Јован истекува на 3-ти октомври.

Викторија Милевска