Од Белгија екстрадиран партнерот на „Мадам Пепи“

02.10.2014 16:17

Будисављевиќ беше осуден во судскиот процес „Мадам Пепи“, поради сомнение дека го организирал шверцот на 1.910 грама кокаин паста од Лима, Перу...

Со директен лет од Брисел на скопскиот аеродром беше екстрадиран Војислав Будисављевиќ којшто беше баран преку Интерпол. Без проблеми и инциденти поминала постапката на преземање од белгиските власти до неговото префрлање во затворот Идризово. Таму ќе одлежува казна затвор од 3 и пол години која му беше изречена во отсуство за фалсификување документи, бидејќи не им беше достапен на органите на прогонот

Будисављевиќ беше осуден во судскиот процес „Мадам Пепи“, поради сомнение дека го организирал шверцот на 1.910 грама кокаин паста од Лима, Перу, што пристигнале како поштенска пратка во Македонија. Тогаш, како партнер на првообвинетата Персида Момировска го организирале транспортот на наркотичната дрога.

Во овој судски процес Момировска беше обвинета дека илегално без да плати данок го снабдувала македонскиот џет сет со брендирана облека, но негираше дека пратката кокаин од Перу била наменета за неа. 

Таа во 2010-та доби затворска казна, но ја одлежа и сега е на слобода. Војислав Будисављевиќ има право да бара да му се суди од почеток.

Будисављевиќ на 11 септември минатата година беше лишен од слобода во Белгија поради извршени кривични дела на територијата на белгија.ж

Фиљана Кока