КИЦ -Белград

Отворена „Саботна ноќна треска“ во КИЦ Белград-изложба на три македонски уметници

02.10.2026 11:10

Во македонскиот КИЦ во Белград, директорот Васко Шутаров и д-р Ана Франговска, ја отворија изложбата „Саботна ноќна треска“ на авторите Марија Ветероска, Игор Сековски и Иван Блажев...

Синоќа, први октомври, во 19:30 часот во македонскиот КИЦ во Белград, директорот Васко Шутаров и д-р Ана Франговска, ја отворија изложбата „Саботна ноќна треска“ на авторите Марија Ветероска, Игор Сековски и Иван Блажев. Во преполниот галериски салон на нашиот КИЦ во Белград, оваа изложба побуди интерес како кај дипломатскиот кор, академската и ликовната заедница во Белград, македонската заедница во Србија.

Изложбата премиерно беше поставена во Скопје во 2024 година, а сега во поставка адаптирана на просторот во нашиот КИЦ Белград, можност да ја види ќе има и белградската публика.

Трите автори изложуваат дела на една заедничка тема, но низ три различни изразни форми. Сековски и Ветероска изложуваат дела составени од комбинација на видео и просторна инсталација, додека Блажев изложува серија на фотографии.

Изложбата се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам во рамки на годишната програма за проекти од областа на меѓународната соработка и ќе биде поставена во КИЦ Белград до 1 ноември.