Становите за лица со ниски приходи ќе се продваат со пониски камати

02.10.2014 16:29

Становите кои немаат регулиран статус до септември идната година треба да бидат решени по основ на сопственост или закуп. Најдоцна до 31-ви март лицата кои живеат во нив ќе треба да се изјаснат. Закупот и учеството при откупот ќе зависи од примањата. Цената е приближна на пазарната...

Проектот опфаќа 4 групи граѓани- со социјален ризик, со ниски приходи, со просечни приходи и со високи приходи. Првите за станот ќе добијат закупнина која ќе ја плаќа државата. Втората категорија ниски приходи со приход до 17.600 односно 30.000  цената на закуп по метар квадратен ќе се движи од 25 до 35 денари. Ако се одлучат да ги откупат становите, ќе треба да обезбедат минимално учество од 5 проценти од вредноста на станот. Условите за домаќинствата со просечни примања до 2,5 нето просечни плати предвидуваат закуп на становите по цена од 62 до 95 денари за метар квадратен. Откупот ќе биде со 20 проценти учество. Лицата со високи примања ќе можат да го откупат станот со учество од 30 проценти. Рок на отплата од 30 години и каматна стапка од 4 проценти ќе важи за сите.

„Доколку до 31-ви март лицата кои живеат во становите не се изјаснат за закуп или за откуп, тогаш и за овие и за дивовселените и за опшествените,тогаш по сила на закон со решение ќе им дадеме закуп. Моментно има голем број граѓани кои ниту имаат закуп на становите ниту поднесуваат барање за откуп и воопшто не плаќаат кон државата“, рече министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

АД за стопанисување со станбен и деловен простор најави градба на нови социјални станови.

„Тече огласот за јавна набавка за изградба на социјалната зграда во општина Гостивар, додека за Бутел е предвидена во наредната 2015 година“, изјави директорот Цветко Грозданов.

Постапката за откуп на општествените станови ќе продолжи по досегашната постапка според  барањата коипристигнале  до 31 декември 2010 годинаСпоред евиденцијата на институциите нерешен статус имаат  851 станови изградени и поделени од 2000 година, 770 општествени станови  и околу 800 бесправно вселени станови.

 

Дијана Ценевска