Украина

Жестоки руски напади врз Киев

02.10.2026 11:27

Еден човек загинал, а двајца се повредени откако била погодена 25-катница, објавија украински медиуми. Повторно бил ракетиран и јужниот мост во метрополата.

Руските сили ноќеска повторно го нападнаа Киев. Еден човек загинал, а двајца се повредени откако била погодена 25-катница, објавија украински медиуми. Повторно бил ракетиран и јужниот мост во метрополата.

Ден претходно мостот беше цел на повеќекратни руски напади со беспилотни летала. Градската државна управа на Киев соопшти дека по последниот напад, јужниот мост и мостот „Патон“ се затворени за сообраќај во двете насоки, а мостот „Метро“ е затворен за сообраќај кон десниот брег на градот.

Во меѓувреме, украинските сили ноќеска извршиле напади врз нафтена инфраструктура во руските Волгоградска и Самарска област. И во двата региони биле пријавени пожари.