Протести на средношколците во Франција, затворени над 400 училишта
Француските разузнавачки служби на кризен состанок во четвртокот известиле дека протестното движење го започнала крајната левица, меѓу кои и членови на партијата „Непокорна Франција“.

Повеќе од 400 училишта и други образовни установи во Франција денеска се очекува да останат затворени поради протестите на учениците, кои почнаа поради проблеми во образовниот систем, а на одделни места прераснаа во насилни инциденти.
Француските разузнавачки служби на кризен состанок во четвртокот известиле дека протестното движење го започнала крајната левица, меѓу кои и членови на партијата „Непокорна Франција“.
Тие ја отфрлија оваа оценка. Протестите поради недостигот од наставници и дотраените училишни објекти почнаа минатиот месец во областа на Париз, но со нивното ширење низ земјата стануваа сè понасилни.
Десетици лица се повредени, а полицијата уапси стотици демонстранти.
