МВР
Приведено лице во Скопје, при претрес во домот пронајдена рачна бомба
02.10.2026 15:27
33-годишен скопјанец е лишен од слобода во Гази Баба, откако при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полицијата пронашла и одзела рачна бомба „кашикара“.

33-годишниот Б.С. од Скопје е лишен од слобода од полициски службеници од СВР Скопје во Гази Баба.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, лицето било лишено од слобода на 1 октомври во 19:35 часот. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена рачна бомба „кашикара“.
Лицето е задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
