УХМР

Сончев и стабилен викенд, утрата студени со температури под нула

02.10.2026 18:47

За време на викендот времето ќе биде сончево, а од понеделник сончево со променлива облачност. Утрото температурите наместа ќе се спуштат под нула, додека дневните ќе достигнуваат до 29 степени.

За време на викендот времето ќе биде сончево, со ведри и студени утра. На места утринските температури ќе се спуштат под нула степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, утре минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7 степени, а максималната ќе достигне од 18 до 27 степени.

Од понеделник се очекува сончево време со променлива облачност во текот на денот.

Во следните денови ќе преовладува стабилно и претежно сончево време, а дневните температури ќе достигнуваат до 29 степени.