Во експлозија во фабрика за муниција во Бугарија загинаа 15 работници
Страотна несреќа во Бугарија. Во силна експлозија во фабрика за муниција во селото Горни Лом загинаа 15 лица, а неколкумина се повредени. Првата голема експлозија се случила доцна синоќа, по што следеле уште неколку помали. Првично се смета дека техничка неисправност е главната причина за експлозиите.
„Сметаме дека надежите за пронаоѓање преживеани се залудни. Ние и натаму продолжуваме со потрагата. Загинаа 13 мажи и две жени“, рече Николај Николов, шеф на Управата за заштита од пожари и заштита на граѓани.

„Извршниот директор беше внатре, шефот на производство беше внатре. Кого да прашам што се случило кога не ми дозволуваат да дојдам поблиску од два километри од портата на централата“, рече Валери Митков, сопственик на фабрика.
„Излегувавме од работа и кога стигнавме до портата се случи експлозијата. На излегување, ме удри нешто, паднав од една височинка и ништо повеќе не знам“, изјави очевидец на експлозијата.
Фабриката е целосно пеплосана, а надлежните успеале да влезат во неа дури по 24 часа од експлозијата. Во моментот на несреќата во објектот се наоѓале 30 лица.
„Сега не гледам никаква надеж, дури и да имаше некакви шанси.“
„Ситуацијата е многу тешка, не верувам дека некој може да преживее после толку часови без никаква помош“, велат роднините на настраданите.
Локални медиуми јавуваат дека во складиштата се чувал експлозив и од Грција, а биле сместени и околу 10 тони силни експлозивни хемиски материјали.
Фабриката која се наоѓа на границата со Србија изработувала муниција за потребите на бугарската армија.
Маја Стојанова