Земјоделие

Загарантирана цена наместо субвенции, бараат земјоделците

03.10.2026 15:12

Се пече ајвар – но оваа година и сметката ќе биде жешка. Пиперката за ајвар од нивите заминува за 15 денари, а на пазарот стигнува по двојно и тројно повисока цена. земјоделците велат – ние ја произведуваме пиперката, но не ја земаме заработката.

Земјоделката Зора од Долно Оризари младоста ја има поминато обработувајќи земја цели 45 години. Вели дека од работата на тезга своја пензија нема да добие, ниту пак здравствено осигурување. Не сака внуците да ѝ се занимаваат со земјоделие бидејќи тој живот е аргатски.

Откупната цена за пиперката почна со 15 денари, а половина ни скапаа по нивите. Истите на пазар прекупците ги продаваат по дупла, па дури и тродупла цена, раскажува. Една од причините што македонскиот деликатес, ајварот многу семејства ќе го заобиколат.

„Потта ни ја јадат прекупците“, велат производителите. Пелагониските земјоделци нагласуваат дека подобро е да имаат загарантирана откупна цена одошто субвенции. Обесштетување по ланските пролетни мразови на бистричките овоштари сè уште не им е исплатено, додаваат.

Ружица Аџикотрева - Ѓоршевска