Битола

35. издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“

02.10.2026 19:54

Вечерва во Центарот за култура во Битола со балетската претстава „Шехерезада“ ќе биде отворено јубилејното 35. издание на Интернационалниот фестивал за класична музика „Интерфест“.

Со балетската претстава „Шехерезада“ и ансамблот на Националната опера и балет ќе биде отворено 35. издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ – Битола.

„Преку овој фестивал придонесуваме нашите млади уметници да бидат присутни во целиот свет, во реномирани оркестри и оперски куќи. Да се слушне за Битола. А години наназад се соочуваме со недоволна финансиска поддршка за негово одржување“, објаснува врвниот тромбонист и директор на фестивалот, Рибарски.

Годинава од Министерството за култура се одобрени 16 илјади евра. „Интерфест“ е рангиран меѓу манифестациите од национално значење. Во периодот од 2 до 12 октомври ќе се претстават врвни домашни и светски солисти.

Ќе се одржат и мастеркласи, преку кои реномирани професори своето знаење ќе им го пренесат на учениците од средното музичко училиште во Битола.

Ружица Аџикотарева-Ѓоршевска