Клековски вети нова болница во Кичево
Не само што не добија нова општа болница, кичевци немаат ни специјалисти. Се жалат дека недостига педијатар во одделот за имнузиација, лекар по трудова медицина ги прегелдува децата, недостигаат гинеколози, офталмолози. Министерот најави нови вработувања.

Кичевци и од дваесеттиот министер добија ветување за нова болница. Објекто, и да никне, ќе го надживее мандатот на актуелниот министер за здравство. Оптимистичката прогноза е дека жителите за три до четири години ќе имаат модерна зграда со квалитетна здравствена услуга. До тогаш, им вети вработување на специјалисти, нема гинеколози, офталмолози, доктор по трудова медицина прегледува деца.
Во моментот во болницата работат 39 лекари, една третина е вработена минатата година, вели директорката.
Но, првиот човек на градот очекува конечно, навистина да се исполнат ветувањата на здравствените власти и кичевци да добијат нова општа болница како што заслужуваат.
Наташа Јанчиќ - Менковски
