Намален број на кривични дела на подрачјето на полициската станица во Матејче
Министерката за внатрешни работи денеска беше во работна посета на Полициското оддление Матејче во Општината Липково. По завршувањето на средбата со вработените во полициската станица, Јанкуловска рече дека подрачјето што го покрива оваа оддление работело успешно, а бројката на кривични дела се намалила 3,1% додека прекршоците за дури 40%. Инаку оваа полициско одделние е едно од најголемите во државата и покрива 21 населено место и околу 30.000 жители.

„Изразено низ бројки, бројот на регистрирани кривични дела на територијата на полициско оделение Матејче во сите 21 населено место бележи намалување од 3,1 процент, а прекршоците од областа на јавниот ред и мир бележат намалување за дури 40 проценти во однос на изминатата година. Овие позитивни трендови на подрачјето на полициското оделение Матејче се во директна корелација со подобрувањето на состојбите на ниво на СВР Куманово, каде што бројот на регистрирани кривични дела бележи намалување за 17,3 проценти, а бројот на расветлени кривични дела е над 50 проценти. И во делот на прекршоците против јавниот ред и мир и на целата територија на СВР Куманово имаме регистрирано намалување на бројот на прекршоци за цели 13,9 проценти“, рече Гордана Јанкуловска, министер за внатрешни работи.