Временска прогноза

Ведро и сончево со слаб северен ветер

03.10.2026 09:26

Утрово времето ќе биде ведро и студено, додека во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утрово времето ќе биде ведро и студено, додека во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а утринските температури ќе се движат од-2 до 7 степени. Во најтоплиот дел од денот се очекуваат максимални температури од 18 до 27 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди и слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до 3 степени, а дневната ќе достигне до 26 степени.