Прилеп
Машкото здравје сè уште табу-тема
04.10.2026 20:07
Мажите сè уште воздржани отворено да зборуваат за здравјето и за чувствата што ги имаат, покажуваат истражувањата.

Прилепчанецот Илија Стеваноски е пациент на онкологија. Навреме се обратил и вели, нема срам за машкото здравје.
Помладите велат дека се преокупирани со други проблеми.
Според истражувањето на прилепското здружение за машко здравје „Филип Лукароски“ преку 70 проценти од мажите не побарале помош од срам или осуда или, пак, од неверување дека нешто може да се промени.
Сè уште, посебно за машкото ментално здравје, се зборува многу помалку отколку за женското.
Мажите остануваат позатворени од жените во изразувањето на чувствата. Макар и да имаат болки.
Елизабета Митреска
