Премиера на „Ждрело“ во Драмски театар
На 8 октомври во Драмскиот театар ќе се одржи премиерата на претставата „Ждрело“, која по текст на Жанина Мирчевска, а во режија на Зоја Бузалковска своето првично претставување го имаше во јули на „Охридско лето“.
Жанина Мирчевска, која живее и работи во Словенија, овој текст го напишала во 2006 година. Три години подоцна тој е одигран во Словенско народно гледалишче во Љубљана, а потоа е избран и за едицијата Современа европска драма (2012).

„Ждрело“ е трагикомедија за кризата на духот и алчноста со која човекот самиот се уништува, за глобалната ненаситност и консументскиот нагон на современото општество. Во главната улога е актерот Рубенс Муратовски - безимен лик кој поради алчноста запаѓа во потрошувачки вител и неговиот пат од сиромашен, отпуштен продавач на автобуски карти до наследник на огромно богатство, минува низ пекол.
Според режисерката Бузалковска, да се работи текст на Жанина Мирчевска е опасен и лизгав терен.
„Ова е вторпат да работам на текст на Жанина Мирчевска. Првиот пат го работев нејзиниот текст „Таму каде што не сум бил“. Актерите ве дочекуваат со големо разбирање, големо одушевување и голем шок кога им нудите еден таков текст за работа, зашто и самиот начин на кој е напишан е различен и посебен од она што навикнале да работат секојдневно“, вели Бузалковска.