Денеска се навршуваат 31 година од атентатот на Глигоров
На 3 октомври 1995 година, во 9 часот и 50 минути, на улицата „Македонија“, пред хотелот „Бристол“ во Скопје, експлодираше автомобил-бомба додека Глигоров со службеното возило се движеше кон собранието. Глигоров го преживеа нападот со тешки повреди на главата...

Денеска се навршуваат 31 година од атентатот врз првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров.
На 3 октомври 1995 година, во 9 часот и 50 минути, на улицата „Македонија“, пред хотелот „Бристол“ во Скопје, експлодираше автомобил-бомба додека Глигоров со службеното возило се движеше кон собранието. Глигоров го преживеа нападот со тешки повреди на главата. Во експлозијата загина неговиот возач Александар Спировски, а беа повредени телохранителот Илчо Теовски и уште неколку лица. Од здобиените повреди подоцна почина и случајниот минувач Христо Христоманов.
И по 31 година, останува без одговор клучното прашање – кој стоел зад атентатот? Истрагата утврди дека нападот бил организиран и добро подготвен, но сторителите и нарачателите не се откриени, а случајот останува нерасветлен.
Атентатот врз Глигоров останува еден од најголемите безбедносни случаи од првите години на независноста на државата.
