Регион

Сѐ е подготвено за утрешните избори во БиХ

03.10.2026 13:12

Сите подготовки за општите избори во Босна и Херцеговина, кои треба да се одржат в недела, на 4 октомври, се завршени. За регуларност ќе се грижат голем број домашни и меѓународни набљудувачи, соопшти Централната изборна комисија.

„Во недела, на 4 октомври, избирачките места ќе бидат отворени од 7 до 19 часот. Гласачите можат да го остварат своето право на глас на избирачките места со приложување важечки документ за идентификација: лична карта, возачка дозвола или пасош издадени од Босна и Херцеговина“, изјави Јован Калаба, претседател на Централната изборна комисија на БИХ.

На државно ниво се избираат трите членови на Претседателството на БиХ – бошњачки и хрватски член од Федерацијата БиХ и српски член од Република Српска. Граѓаните истовремено гласаат и за составот на Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ.