Челниците на Џонсон Мети во Бунарџик- се разгледува акцискиот план на компанијата
Доцна попладнево на Бунарџик се дојдени врвните менаџери на Џонсон Мети од централата на компанијата. Раководството на Мети и првиот човек на слободната зона ќе ги претстават новите бизнис – планови...

Роберт Меклауд, претседателот на управниот одбор на еминентната британска компанија Џонсон Мети пристигна во Македонија, ова е негова прва посета на којашто ќе оствари средба со неговите бизнис соработници, како и со првиот човек на ТИРЗ, Виктор Мизо.
На состанокот ќе биде разгледан акцискиот план на компанијата, како и можностите за проширување на капацитетите за производство.
За потсетување, Џонсон Мети во земјава има инвестирано повеќе од 130 милиони евра. Станува збор за компанија која меѓу првите одлучи да ре-инвестира во Македонија. Ги прошири капацитетите, воведе нови производствени линии и го зголеми бројот на вработени.
Во моментов во фабриката во Бунарџик, каде произведуваат катализатори, работат 600 луѓе.
Според податоците на Централниот регистар, Џонсон Мети е една од петте компании кои минатата година оствариле најголем извоз.
Анита Димитријевска
