Зголемена потрошувачка на струја
Густата магла и ниската надворешна температура ги принудија скопјани да останат дома , што ја крена потрошувачката на електрична енергија.Тоа најдобро се гледа во деновите на викендот,кога термо печките , панелите и клима уредите работеа без прекин .
,,Само во последните 5 дена потрошувачката на струја во главниот град е зголемена за 5% во однос на истиот период лани .Најногу сме потрошиле в недела точно 10.823 мегаватчасови . “

За среќа магла има само во котлините и потрошувачката во земјава во последниве 10-тина дена не е зголемена во однос на лани ,кога температурите биле слични на годинашниве.
Електроцентралите на ЕЛЕМ се подготвени за зимски режим на работа. Вода има доволно и хидроцентралите испорачале двојно повеќе струја од планираното. РЕК –Битола и ТЕЦ- Осломеј работат нормално .
Преносниот систем на МЕПСО функционира нормално , и струјата транзитира без проблеми . Берзанската цена на електричната енергија е стабилна ,а енергетските компании уверуваат дека струја, во зимските месеци , ќе има доволно .
Свето Николовски