Еболата ги изненади САД - 80 луѓе во домашен карантин

02.10.2014 17:21

Еболата ги изненади САД – бројот на луѓе во домашен карантин за помалку од 24 часа се зголеми за 80. Под надзор е и зградата во којашто живее првиот заразен, кој е во болница во тешка состојба. Американските власти се соочуваат со неинформираност за еболата меѓу населението.

„Не знам како може да се заразите со ебола. Подобро да ги однесат во болница“, вели сосед на заразениот.

Во контакт со заразениот биле 12 до 18 лица, од кои 5 деца од различни училишта. Руските научници соопштија дека имаат експериментална вакцина која наскоро ќе биде тестирана врз луѓе. Во Западна Африка секој час има по 5 новозаразени со ебола, а илјадници деца останале без едниот или двата родители.