Одбележување

Соборно литургиско чествување по повод Денот на сите македонски светители

04.10.2026 11:31

Со соборно литургиско чествување денеска се одбележува денот на сите македонски светители, празник посветен на светителите и просветителите кои оставиле трага во духовната и културната историја на македонскиот народ.

Со соборно литургиско чествување денеска се одбележува денот на сите македонски светители, празник посветен на светителите и просветителите кои оставиле трага во духовната и културната историја на македонскиот народ. Во рамки на чествувањето се одбележуваат и 40 години од епископската служба на архиепископот Стефан.

На литургијата присуствуваат архијереи, свештенослужители и верници, кои заеднички го одбележуваат празникот и јубилејот на поглаварот на македонската православна црква – охридска архиепископија. +

Јубилејот е повод за потсетување на четири децении духовна служба на архиепископот Стефан и неговиот ангажман во животот на македонската православна црква – охридска архиепископија.