Свет

Мерц во Киев со нова помош за Украина

04.10.2026 12:56

Германскиот канцелар Фридрих Мерц пристигна во ненајавена посета на Киев, каде што треба да објави нов пакет германска помош за Украина во вредност од над 1,3 милијарди евра...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц пристигна во ненајавена посета на Киев, каде што треба да објави нов пакет германска помош за Украина во вредност од над 1,3 милијарди евра и да финализира договор за заедничко производство на дронови и друго оружје.

Мерц беше пречекан од украинскиот министер за надворешни работи, Сибиха. Германскиот канцелар вели дека претстојните недели се особено важни за Украина и предупреди дека последиците од војната, според него, нема да останат ограничени само на Украина.