САД

Трамп ги брани проектите за центрите за податоци за вештачка интелигенција

04.10.2026 12:11

Претседателот на САД, Доналд Трамп во Охајо ги бранеше дата центрите, но кои станаа спорно прашање во кампањата низ целата земја...

Претседателот на САД, Доналд Трамп ги бранеше центрите за податоци кои ги опслужуваат проектите за вештачка интелигенција, но кои станаа спорно прашање во кампањата низ целата земја. Тој ја посети државата Охајо во рамките на својата турнеја пред изборите на средината на мандатот, инсистирајќи дека неговата партија ќе го задржи мнозинството во Конгресот и покрај силните политички предизвици.

„Преземаме историски чекори за да обезбедиме центрите за податоци на големите технолошки компании да им носат корист на локалните заедници. Може да се заработат многу пари за Охајо. Не можете едноставно да ги исклучите. Ќе заминат во Кина“, изјави Трамп.

Големите комплекси од хали што генерираат енергија за проекти со вештачка интелигенција станаа спорно политичко прашање, предизвикувајќи противење од двете партии во изборните трки низ земјата, при што гласачите се загрижени за влијанието врз цените на електричната енергија, земјоделското земјиште и водоснабдувањето.