Електронската наплата го зголеми даночниот прилив во Општина Битола
Кај битолчани постои добра даночна дисциплина. Наплатата на даноци по различни основи е солидна-велат од локалната самоуправа. А, тоа го припишуваат на можноста даноците да се плаќаат електронски. До сега во општинската каса се влеале околу 72 милиони денари.

Наплатата на локалните даноци во Општина Битола е солидно. Од локалната самоуправа велат-кај граѓаните постои добра даночна дисциплина и најголем дел од даночните обврски се намируваат навреме.
По основ на наплата на локални даноци во општинскиот буџет до сега, оваа година влегле 72 милиони денари или 77 проценти од издадениот облог.
Наплатата по различни основи е добра, слабост има во реализацијата на комуналните такси, од кои најдобра наплата се забележува за уредување на градежно земјиште и во делот на паркирање.
Зголемената наплата на даноци се должи и на можноста граѓаните електронски да ги извршат уплата. Општината исто така до должниците испраќа и опомена со осумдневен рок, доколку целосниот долг не биде подмирен, се пристапува кон решение за присилна наплата.
Во општинската каса, од даноци, лани влегле повеќе од 300 милини денари или 75 проценти од предвидениот облог. Поголемиот дел од средствата кои се обезбедени од самите даноци, биле наменети за вложување во капитални инфраструктурни проекти.
Александра Максимовска
