Економија

Стопанската комора предлага измени на Законот за празниците

05.10.2026 09:25

Оптимизирање на бројот на неработни денови и зголемување на продуктивноста и економската ефикасност се меѓу предлозите што денеска ќе ги презентира Стопанската комора.

Стопанската комора денеска ќе ги презентира своите предлози за измени на Законот за празниците, со кои, како што најавува, треба да се оптимизира бројот на неработни денови и да се зголемат продуктивноста и економската ефикасност.

На прес-конференцијата на тема „Празниците во Македонија и нивното влијание врз економијата“, Комората ќе ја претстави анализата на постојниот систем на празници во државата.

Ќе биде презентирана и споредба на бројот на неработни денови по основ на државни празници во земјава и во други европски земји во текот на 2026 година.