Педро Санчез распиша вонредни избори во Шпанија
Изборите ќе се одржат на 29 ноември, откако парламентот изминатата недела го отфрли владиниот план за домување, со кој неговата влада се надеваше дека ќе ги смири растечките социјални протести поради високите трошоци за домување...

Шпанскиот премиер распиша вонредни избори по политичкиот удар околу домувањето. Изборите ќе се одржат на 29 ноември, откако парламентот изминатата недела го отфрли владиниот план за домување, со кој неговата влада се надеваше дека ќе ги смири растечките социјални протести поради високите трошоци за домување.
„Народот на Шпанија мора да одлучи каква улога сака да одигра во сето ова, како и каква улога сака да одигра Шпанија. Дали сакате да се приклучите на тој бран на крајната десница што води кон назадување секаде каде што владее, или сакате Шпанија да остане бастион на отвореност, социјална правда и еколошка одговорност? Дали сакате нашата земја да оди наназад или да продолжи да се движи напред?“, изјави Педро Санчез, премиер на Шпанија.
Владата на Санчез, која нема стабилно парламентарно мнозинство, веќе подолго време се соочува со потешкотии, меѓу кои смртоносните поплави и миграциската криза.
