РКЕ

Денеска нова одлука за цените на горивата

05.10.2026 10:32

Регулаторната комисија за енергетика треба да ги соопшти новите цени на горивата. Премиерот Мицкоски очекува пониски цени...

Регулаторната комисија за енергетика треба да ги соопшти новите цени на горивата. Премиерот Мицкоски очекува пониски цени. Со одлуката на најразвиените земји од „Г-7“ да пуштат на пазарот 100 милиони барели нафта и дизел од стоковите резерви, ќе влијаат за пад на цената.

Владата преговара и со ОКТА за дополнителен попуст, со што, како што вели шефот на Владата, ќе останеме земја со најниски цени на горивата во регионот. Со преземените владини мерки, во Буџетот се собираат помалку приходи од акцизи и ДДВ, па затоа ќе има нов, втор ребаланс на Буџетот овој месец.

Со последната одлука на Регулаторна, дизелот се намали за четири ипол денари, а бензините поскапеа за еден денар. Еуросупер БС-95 се продава за 100 денари, а 98-цата за 102 денари за литар. Дизелот чини 100 денари.