МВР
Лишен од слобода жител на село од Општина Старо Нагоричане за предизвикување пожар
05.10.2026 14:39
Полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишија од слобода Ф.М.(25) од с. Враготурце, Општина Старо Нагоричане, постапувајќи по претходна пријава дека во селото предизвикал пожар.

На 04.10.2026 во 22:20 часот, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишија од слобода Ф.М.(25) од с. Враготурце, Општина Старо Нагоричане, постапувајќи по претходна пријава дека во селото предизвикал пожар.
Тој е приведен во полициска станица и по извршени проверки, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,36 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
