Договорена соработка со Универзитетскиот клинички центар Мотов од Прага
Македонски лекари ќе се усовршуваат за најнапредните медицински методи и техники во болницата Мотов...

Македонски лекари ќе се усовршуваат за најнапредните медицински методи и техники во болницата Мотов, кој е главен медицински центар во Чешка. И чешки лекари ќе доаѓаат кај нас за да го пренесат своето знаење на македонските колеги. Потпишан е меморандум за соработка со овој клинички центар. Оваа болница покажува најдобри резултати во во третманот на детските болести во споредба со други европски клиники.
„Наскоро по потпишувањето на овој меморандум Министерството за здравство ќе влезе во детали во разработка на договорот. Очекуваме тоа да се заврши за месец-два по што ќе почне селекцијата на лекари, сестри и друг медицински персоналкои би доаѓале во прага, во Универзитетскиот клинички центар точно на оние Клиники каде што се најнапред отидени во однос на другите европски клиники“, рече премиерот Никола Груевски.
Соработката е од интерес на двете земји- вели директорот на болницата Мотов.
„Многу сме заинтересирани за соработката. Сметаме дека можеме да ви пренесеме наши искуства, но убедени сме дека и ние ќе добиеме ваши искуства кои ќе ни бидат од корист. Се договоривме да дојде до размена на лекарски тимови и на помошен медицински персонал“, рече Мартин Холцман, директор на Универзитетскиот клинички центар Мотов.
Клиничкиот центар Мотов има повеќе од илјада доктори и над две илјади лица помошен медицински персонал. Оваа болница особено се истакнува во сферата на педијатријата и медицинската заштита на децата. Има и најсовремени методи на дијагностика и лекување на пациентите.
Андријана Атанасовска
