Националниот џез оркестар ја отвора сезоната со Греми добитникот Ден Пугач
На 7 октомври, Националниот џез оркестар ја отвора новата концертна сезона со ексклузивен концерт на кој ќе настапи американскиот џез-тапанар, композитор и аранжер Ден Пугач. На концертот во Скопје ќе настапат и вокалистката Никол Зураитиса и трубачот Џонатан Сарага.

Националниот џез оркестар на 7 октомври ја отвора новата концертна сезона со ексклузивен концерт со Ден Пугач, еден од препознатливите автори, композитори, аранжери и тапанари на современата њујоршка џез-сцена.
Под диригентската палка на Џијан Емин, оркестарот ќе ја претстави музиката на Пугач, кој во 2025 година ја освои Греми наградата за „Best Large Jazz Ensemble Album“ за албумот „Bianca Reimagined: Music for Paws and Persistence“.
Заедно со Пугач во Скопје ќе настапат и специјалните гости Никол Зураитис и Џонатан Сарага. Зураитис е вокалистка, пијанистка и аранжерка и долгогодишна соработничка на Пугач. Во 2024 година ја освои Grammy наградата за „Best Jazz Vocal Album“ за албумот „How Love Begins“.
Трубачот и композитор Џонатан Сарага е познат по соработките со повеќе реномирани џез-ансамбли, меѓу кои Maria Schneider Jazz Orchestra, Mingus Big Band, Miguel Zenón Big Band, Afro-Latin Jazz Orchestra и John Pizzarelli Big Band.
На концертот Пугач ќе ја претстави музиката од наградениот албум „Bianca Reimagined: Music for Paws and Persistence“, а публиката ќе има можност да слушне и негови современи аранжмани на познати композиции од американската џез-традиција.
Концертот ќе го спои звукот на њујоршката џез-сцена со Националниот џез оркестар и специјалните гости од американската џез-сцена.
