Тенис

Ивановски со победа во три сета до финалето на квалификациите во Палермо

05.10.2026 12:01

Македонскиот тенисер Калин Ивановски по голема борба го совлада Италијанецот Џузепе Вела со 2:1 во сетови и се пласира во финалето на квалификациите за Челинџерот во Палермо.

Калин Ивановски со победа стартуваше во квалификациите за Челинџерот во Палермо. Македонскиот тенисер по 2 часа и 44 минути игра го совлада Италијанецот Џузепе Вела со 2:1 во сетови, 6:4, 5:7, 6:4.

Ивановски одлично го започна мечот и веднаш направи брејк, по што го освои првиот сет со 6:4. Во вториот сет Вела успеа да изедначи, откако го доби со 7:5.

Во решавачкиот сет Ивановски направи брејк во деветтиот гем, а потоа ја искористи третата меч-топка за конечна победа, иако до самиот крај беше под постојан притисок од противникот.

За пласман во последното квалификациско коло Ивановски утре ќе игра против првиот носител во квалификациите, Федерико Арнабалди. Италијанецот денеска исто така одигра меч во три сета и со 2:1 го совлада Андреа Де Марчи.

Челинџерот во Палермо е од рангот 50 и се игра за награден фонд од 56.700 евра.