Победи за Пелистер, Кожув и Работнички во кошаркарската Супер лига
Kомплетирано првото коло од кошаркарската Супер лига. Пелистер го совлада ТФТ во Битола, додека Работнички и Кожув до победи стигнаа на гостински терен.

Со вчерашните три натпревари беше комплетирано првото коло од кошаркарската Супер лига.
Во дербито на колото во Битола, Пелистер го совлада ТФТ со 78:70. Во изедначен натпревар, домашниот тим ја оствари решавачката предност во последната четвртина, која ја доби со 24:17.
На другите два дуели победија гостинските екипи. Работнички, предводен од капитенот Виктор Ефремовски и Роберт Рикиќ, славеше против новиот суперлигаш Струмица со 92:85.
Кожув, пак, го совлада вицепрвакот Скопје 2023, поранешен Маџари, со 101:95. За гевгеличани сите пет играчи од стартната петорка постигнаа двоцифрен број поени.
Фото: КК Пелистер/ Фејсбук
