Македонија клучна дестинација за натамошно проширување на бизнисот на Џонсон Мети

02.10.2014 19:20

Претставништното на Џонсон Мети во Македонија е најпретставително во целата корпорација, оцени извршниот директор на компанијата Роберт Меклауд. Очекува годинава извозот да се заокружи до околу 900 милиони евра. Дали ќе се отвораат нови погони, зависи од регулативите за штетни гасови што ќе се усвојат во Европа.

„Идните бизнис планови зависат од европскиот автомобилски пазар и од европската легислатива. Моментално на автомобилскиот пазар му оди прилично добро, но ги чекаме новите закони, од тоа зависи нашето идно ширење. Ако порастот во автомобиската индустрија продолжи Македонија е клучна дестинација која ја разгледува Управниот одбор за натамошно проширување на бизнисот“, рече Роберт Меклауд, Извршен директор на „Џонсон Мети“.

„Имавме презентација на инвестициските можности на Македонија пред членови на Бордот, голем дел од нив се неизвршни членови, што значи дека тие не работат директно за Џонсон Мети, тука за голем број на други компании и од таа гледна точка многу е важно да се види потенцијалниот интерес нивен во компаниите во кои тие работат за да ја разгледаат Македонија како потенциална дестинација за инвестирање“, рече Виктор Мизо, директор на ТИРЗ.

Анита Димитријевска