Случај „Онкологија“

Вештакот на одбраната со аргументи за ефикасноста на терапијата

05.10.2026 17:35

Во Кривичниот суд ново рочиште за случајот „Онкологија 1“. Техничкиот советник на одбраната го бранеше ставот дека пациентите чии досиеја се во списите биле лекувани прописно. Обвинителството пак со низа прашања се обидуваше да го дискредитира вештачењето и да докаже дека ексдиректорот на Онкологија Никола Васев и уште двајца негови колеги несовесно лекувале болни.

Пациент со метастазиран канцер на црниот дроб живеел 38 месеци во случај кога стапката на преживување е 24 и тоа ако се користи модерна системска терапија, изјави вештакот на одбраната кој на рочиштето за случајот „Онкологија“ одговараше на прашањата на Обвинителството. На судењето се вкрстија аргументите за ефикасноста на терапијата, односно дали била навремена, правилно дозирана и соодветна за болеста.

Дали комбинирањето на повеќе лекови може да даде токсичен ефект, според одбраната е прашање за научен симпозиум, а не за дискусија во судска постапка.

Сепак, Обвинителството инсистираше, техничкиот советник иако не е онколог, да појасни како заклучил дека болните биле лекувани прописно.

Анита Димитријевска -Велковска