Економија

Стопанската комора бара помалку неработни денови, синдикатите реагираат

05.10.2026 17:07

Газдите изготвиле предлог за измени на законското решение за неработни денови со цел да се зголеми продуктивноста и да се намали потрошувачката во други земји, бидејќи смеаат дека нашите граѓани парите ги трошат во странство. Синдикатите негодуваат- „наместо предлози за поголеми плати, се скратуваат и основните права“. На тој начин нема да се задржи ниту онаа работна сила што остана.

Работниците едвај ги чекаат неработните денови да одморат, а дел од работодавачите сметаат дека има многу црвени бројки на календарот. Имаат изготвено предлог-измени на законското решение за неработни денови, кое ќе го достават до Министерството за економија и труд.

Целта е да се зголеми продуктивноста и да се намали потрошувачката на нашите граѓани во странство за време на споените викенди – велат од Стопанската комора. Според газдите, ако 11 Октомври годинава се паѓа во недела, не треба и понеделникот да биде неработен ден.

Синдикатите, пак, прашуваат кога газдите ќе почнат да размислуваат за зголемување на платите, а не како што велат, само на скратување на правата. Потсетуваат дека предлогот треба да помине и на Економско-социјалниот совет.

Работниците во земјава имаат 11 неработни денови плус верските празници. Според анализата на СКМ, помеѓу 36 економии, ние сме на врвот по неработни денови, а од коморите сметаат дека дел од заедниците се во повластена положба.

Александра Велинова