ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Сипаниците ги опустошија македонските стада

05.10.2026 17:22

Сипаниците ги опустошија македонските стада. Угинаа над 10 илјади грла овци. Додека се разгледува моделот за обесштетување, пристигнаа вакцините од ЕУ.

Сипаниците кај малиот добиток уништија 10 илјади овци или дваесетина проценти од вкупниот фонд во Македонија. Стадата во источна Македонија најпогодени. Додека се разгледуваат модели за обесштетување, од ЕУ пристигнаа 450 илјади вакцини.

„Досега приближно околу 10 илјади грла се уништени за кои е направена методологија и за кои веќе ќе разговараме за моделот за обесштетување на самите сточари. Инаку, согласно правилата на Агенцијата за храна и ветеринарство на истото место најмалку 6 месеци нема да може повторно да се чува добиток, така да ние ќе гледаме максимално да можеме да извршиме отштета спрема сточарите з ада може да се подготват за повторно набавување на грла од овци“, изјави Борче Серафимовски-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Само годинава до септември, Државниот инспекторат за земјоделство по извршени надзори за откуп на производи во Струмичкиот, Тиквешкиот и Преспанскиот регион изрекол 30 мерки за прекршувања.

„За утврдени неправилности при откупот, државните инспектори за земјоделство имаат издадено и 17 платни налози, од кои три се платени, а за останатите коишто не се платени се води прекршочна постапка во Прекршочната комисија во министерството“, изјави Ивица Ангеловски-директор на Државен инспекторат за земјоделство.

За надминување на неправилностите при откупот, Министерството подготви Закон за утврдување на пазарите со земјоделски производи со појасни правила и рокови за исплата.

 

Ирина Гелевска